Ина Многуфина „распали“: Во вакво општество ништо околу рамноправноста не е среќно, па ни празник

Дали е среќен денешниот Осми Март- празникот на жените, мајките, учителките, соседките...?

Инфлуенсерката Ина Многуфина „распали“ со статус во кој реално ги отсликува моменталните права и положби на жените во нашето општество. Ништо не е среќно, па ни празник!

Ви го пренесуваме во целост! 

-Во општество каде полиција не пишува записник кога тепаат жена, каде за силувана викаат си го барала, каде интелектуалци обвинуваат за геноцид жени што не раѓале, каде шефови имаат само мажи менаџери дека жени тоа не можат, каде имаме висок степен на фемицид, каде домот е најнесигурно место за жени жртви од насилство, каде во руралните средини сервилност и ќотек се дел од фолклор, каде за истото маж е фраер, а жена курва, каде малограѓанството глуми систем на вредности па ти кажува како да живееш... во вакво општество ништо околу рамноправноста не е среќно, па ни празник. Имаме уште многу работа жени, борбата продолжува! Никој не смее да ве гази! -напиша таа во својата објава на Фејсбук.