Ина Многуфина „распали“ по Цеца: Не знаела она од комшиите кој со кој не се сака

 

Не стивнуваат реакциите за настапот на балканската мега музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ во Велес каде го развеа бугарското знаме

Дел од регионалните медиуми пренесоа дека „знамето ѝ било подметнато“ и дека таа не знаела за односите меѓу Македонија и Бугарија, а по ова следеше и жестока реакција од познатата инфлуенсерка Ина Многуфина, која никогаш нема влакна на јазикот. 

- Може да се престане веќе со вести за хуманизирање на женава за тоа дека не знаела што и дале. Не знаела она од комшиите кој со кој не се сака. Мислиш Светле од Житораѓа со завршено свињогојство чита скрипти за генетски инженеринг од Сорбона па не е во тек со општите работи од регионот каде што ја темели кариерата. Нема потреба више вести и за неа и за децата и снаите и што да е, кариерата до Прешево нека и биде и да завршиме, порача Ина Многуфина како одговор на медиумската фама која се крена за овој случај