
Гори на повеќе локации низ земјава, а за дел од пожарите има сомнежни дека се подметнати. Особено треба да се внимава, со оглед на високите температури, но што кога некој намерно причинува штета.
Познатата инфлуенсерка Ина Многуфина со саркастичен коментар на темава, за тоа какви се Македонците како народ!
- Потпалува сува трева на 40 степени во населено место, пуни базен на диво и навадува цели ниви, има дигнато нелегално спрат, чува паркинг со канта поликолор па иде попладне пред гранапче да пие и вика "не бе брат, не не бива ко народ", напиша таа на својот фејсбук профил.