Ина Многуфина: Дали е ова моделот што треба да го следат новите генерации?

Не е ништо ново дека социјалните мрежи наметнуваат стандарди на убавина и норми кои се нерални, поради што се создава дополнителна колективна фрустрација. 

Сѐ помалку се присутни најобичните луѓе, сѐ повеќе ги има старлетите...

Ина Многуфина со „остар“ став на темава: 

-Сте помислиле ли некогаш ако на рекламите ја покажуваа вистински кожата на моделите и телата без фотошоп дали толку ќе се оптеретувавме со акните, брчките и целулитот или ќе сфатевме дека е нормално да се имаат?

Исто така, сте помислиле ли дека ако медиумите пишуваа за креативни уметници и нивната работа, најобични луѓе со кариера, ентузијасти, луѓе кои уживаат во својата работа, занаетчии...а помалку ставаа старлети, карлеуши и ќерката на пеачката кои изгледаат "елитно", а праќаат порака на "месо за продажба", ќе сфатевме дека работата е таа што не претставува, а не естетската хирургија која се рекламира преку таканаречените модели и новиот начин на пласирање на најстарата професија? Дали е тоа моделот што треба да го следат новите генерации? Не. Фала на вниманието и пијте повеќе вода и чај без шеќер.  - пишува таа.