Ина Многуфина алармира: Вкупно 1.117 кривични дела во врска со семејно насилство се случиле лани

Под хаштагот „Стоп за семејното насилство“ Ина Многуфина сподели фрапантни податоци за семејното насилство во земјава, и тоа само она што е пријавено во 2022 година. 

-Девет убиства, 26 тешки повреди, 675 телесни повреди, 389 загрозувања на безбедноста, 15 присилби, како и три киднапирања. Или, вкупно 1.117 кривични дела во врска со семејно насилство се случиле на територијата на државата во текот на 2022 година. Ова се само насилствата што се пријавени, алармира таа.