
Откако беше споделено видео од зграда кај Бит Пазар каде се гледа како врз поткровјето на постоечка зграда се доградуваат уште неколку ката, реагираше и познатата инфлуенсерка Ина Многуфина.
Во објавата на Фејсбук, таа низ иронија вели дека Факултетот за архитектура треба да размисли за нова катедра, а воедно и градежниот да си ја дополни катедрата за статика.
„Некаде на Бит Пазар некој решил да му покаже на светот дека сегашните стандарди во статиката и архитектурата се многу стари и треба да се сменат веќе. Нашата земја, која евидентно има таленти за градба, ќе може да патентира доградба на два спрата врз кров со поткровје со што поткровјето ќе го викаме средкровје. Факултетот за архитектура треба да размисли за нова катедра, воедно и градежниот да си ја дополни катедрата за статика. Светот да дојде да учи. Има Македонија таленти ама се потценети, напиша Ина Многуфина.