Името на туристичката кампања „Македонија вечна” променето во „Северна Македонија вечна”

За да не ги повредиме чувствата на соседите, се откажуваме од самите себе. Промотивната туристичка кампања “Македонија вечна” сепак не беше “вечна”. Согласно со Преспанскиот договор земјава го промени името на кампањата во “Северна Македонија вечна”.

Властите на балканската држава инвестираа во скапа промотивна кампања, претставувајќи ја атичката македонска историја како своја, заборавајќи да ја напишат географската одредница во слоганот “Македонија вечна”, пишува грчкиот портал Прототема.