Името на аеродромот „Александар велики“ заминува во историјата

Името на аеродромот „Александар велики“ заминува во историјата, а ќе се постави новото име кое на владината седница се усвои - Меѓународен Аеродром Скопје.

Почна отстранувањето на буквите на зградата на терминалот на доскорешниот аередром „Александар Велики“.

Скопскиот аеродром беше преименуван во „Александар Велики“ на 27 декември 2006, со владината одлука, на чело со тогашниот премиер Никола Груевски. Всушност, со таа одлука почна процесот кој во македонската јавност е именуван како „антиквизација“ на Македонија. Две години подоцна, исто така со владина одлука, автопатот беше именуван „Александар Велики“.