Министерот за култура, Асаф Адеми, по спроведените конкурси именуваше директори на осум национални установи со полн мандат од четири години.

Ресорното министерство ги назначи Гордана Змејковска за директор на Библиотеката „Григор Прличев“ во Охрид, Маја Андоновска-Илијевски за директор на Центарот за култура во Битола, Роска Илиева – на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во Неготино.

За директор на Народниот театар Битола со полн мандат е именуван Иван Јерчиќ. Благоја Атанасоски е директор на Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Прилеп, Бобан Хусениковски на Музеј Гевгелија, а Ердоан Максут за директор на Турски театар Скопје.