Имавте лош ден? Ова се 4 работи кои ќе ви помогнат

Без оглед на тоа што ви носат деновите, сепак некои се полоши од другите.

Photo by Kinga Cichewicz on Unsplash

Ова се 4 едноставни работи кои ќе ви помогнат да си го поправите лошиот ден.

Пијте доволно вода

По будењето, напијте се чаша вода за да ги исчистите токсините од телото, но и во текот на денот. Тоа ја подобрува нашата ментална состојба и ни помага да останеме смирени, фокусирани и во баланс во текот на денот.

Одете на прошетка

Кога имате лош ден, најлошото нешто што можете да го направите за себе е да останете дома под ќебе и да седите гледајќи во телефонот. Наместо тоа, натерајте се да излезете на воздух и да направите кратка прошетка. Ваквата активност ќе ви помогне да ги разбистрите мислите, но и да се смирите.

Напишете како се чувствувате

Иако можеби ви звучи чудно, повеќе истражувања покажуваат дека запишувањето на нашите чувства и мисли, помага во тоа полесно да ги надминеме. Најдете начин кој највеќе ви одговара и дозволете си да го пуштите она што го чувствувате. Штом ова ќе ви стане навика, полесно ќе ги надминувате лоши денови и ситуации. 

Направете напор да отидете на спиење подалеку од технологијата

Ако се соочувате со лоши мисли, пробајте да се смирите далеку од вашиот телефон и лаптоп. Земете книга, направете чај и какао и истуширајте се пред спиење. Важно е да сфатите дека ваквите денови се случуваат, но тие не значат дека целиот наш живот е лош. Тоа ќе помогне во лачењето на мелатонинот, ќе ве опушти  и ќе придонесе за подобар сон.