Имате проблем со спиењето? Веројатно ви недостасува овој витамин

Сите сакаме добар сон, но тоа некогаш е невозможно.

Иако многу работи влијаат на тоа како ќе спиеме во текот на ноќта (температура во собата, што јадеме пред спиењето, кафе пред спиење и сл.) сепак треба да знаеме дека начинот на исхраната и хранливите состојки кои ги примаме или од кои имаме недостаток играат голема улога.

Според нутриционистите, витаминот Д игра огромна улога во тоа како и колку спиеме во текот на ноќта. Според едно истражување, дури 41% од луѓето се соочуваат со недостаток од овој витамин. 

Но, која е поврзаноста меѓу сонот и витаминот Д?

Според едно истражување спроведено во 2020 година, витаминот Д игра голема улога во одредени делови од нашиот мозок, кој го регулираат спиењето, што го прави многу значаен за тоа како спиеме. Тој има големо влијание на мелатонинот и квалитетот на сонот.

Минималната количина која ни е потребна на дневно ниво од овој витамин е 3,000 IU но треба да имаме на ум дека дел од овој витамин го добиваме од сонцето, особено во текот на летото. Истовремено, особено важно е прво да ги направиме неопходните проверки и да утврдиме дали воопшто имаме недостаток од него за да почнеме да го земаме особено за спиењето.

Треба да се има на ум дека особено тешко е овие 3000 единици да се добијат само од сонцето, па затоа докторите секогаш препорачуваат суплементи, но секако тоа секогаш треба да биде во консултација со доктор.