Имате еден куп можности во овој живот и должни сте да живеете како што вие сакате

Нашата генерација е полна со рамнодушност. Никој не сака да биде човекот кој премногу се грижи и затоа сите се однесуваме како да не ни е гајле за ништо. Немојте да му дозволите на општеството да ве увери дека искреноста е слабост. 

Не се загушувајте во вашите желби и бидете какви што сакате, затоа што страста е навистина потценета работа во денешно време. Луѓето ќе ве убедат дека животот е грд, но не се во право. Не може да уживате во нешто, ако цело време се држите на дистанца. Вие сте одговорни за сопствената среќа и затоа дознајте што е тоа што ви носи среќа и опкружете се со тие работи и луѓе. Зграпчете ги работите кои ги сакате и не ги пуштајте. Во ред е да покажете интерес за нешто.

Не обрнувајте внимание на оние кои се плашат од вашите чувства. Тие можеби се среќни со своите игрички, но не мора и вие да бидете. Вложете време во луѓе кои ќе ја прегрнат вашата ранливост. Барајте луѓе кои не се плашат да ви кажат како се чувствуваат. Продолжете да им го покажувате вашето срце на луѓето, без оглед на тоа дали ќе ви возвратат или не, затоа што во спротивно ќе ја изгубите вашата вредност. Луѓето кои ќе се заљубат во вас ќе се заљубат во вашето срце, а не во вашата сенка. Оние кои ќе побегнат од вас во моментот кога работите ќе станат малку пореални, треба да знаете дека всушност ви прават услуга. Оставете ги и тргнете кон сопствената иднина. 

Ви одлучувате дали ќе го обоите вашиот живот во весели бои или ќе живеете во сивило.

Имате еден куп можности во овој живот и имате должност кон себеси да го живеете како што треба. Кога ќе почувствувате нешто, чувствувајте го длабоко. Кога луѓето ќе ви кажат да не се надевате на нешто, кажете им дека светот без надеж е како свет без светлина. 

Кога ќе ве обесхрабрат да не го кажувате тоа што го мислите, зборете уште погласно. Бунтувајте се против очекувањата кои општеството ги наметнало и покажете им на сите колку се грижите.