Имаше живот и пред него, се сеќаваш?

Знаеш, имаше живот и пред него. Всушност, пред да се појави тој, ти имаше прекрасен живот. Сети се на животот кој го имаше пред тој да влезе во твојот живот. Сети се на светот кој блескаше толку силно, светот кој постоеше пред тој да ги украде твоите бакнежи. И сети се која беше ти пред тој да влезе и да направи хаос во твоето срце. Ти беше важна и пред него. Беше огномет, како излезена од слика на некој познат сликар, подвижно тело составено од магија и ѕвездена прашина. 

Не си ни глупава, ниту наивна. Беше силна, бестрашна, неуништлива. Пред тој да влезе во твојот живот, ти беше несопирлива бура. Сила која природата не може да ја скрши. И беше прекрасна, зарем не? Се сеќаваш ли на себеси? Се сеќаваш ли на она што некогаш беше? Знам дека тој однесе дел од твојата светлина, знам дека посегна во твојата душа и одзеде дел од неа. Го зеде и ветерот кој секогаш те туркаше напред, твојата заслепувачка насмевка и зеде дел од твоето срце, а никогаш не му даде дозвола да го направи тоа. Но, верувај ми дека можеш да си ги вратиш тие работи. 

Не ти одзеде баш сѐ. Можеш повторно да си го вратиш твојот оган и твојата насмевка. Остана уште многу работи кои не успеа да ги земе со себе, иако се обиде. Тој сакаше да ти ја одземе силата за да си ја задржи за себе. Но, ти си сега уште посилна. Погледни се. Жива си. Дишеш. Постоиш и без него. 

Знам дека имаш рани за кои е потребно време да се излечат. Знам дека понекогаш ти е тешко да дишеш кога мислиш на него. Но, твоето срце повторно ќе заблеска, твојата душа повторно ќе пее. Ти го ветувам тоа. Ветувам дека сѐ ќе биде во ред. Само треба да веруваш во тоа. Тој никогаш нема да сфати и да дознае колку си силна и колку посилна ќе биде. Ти во себе носиш магија која тој никогаш нема да ја има. Тој никогаш не би можел да ти ја одземе целата светлина. Не престанувај да блескаш. Не престанувај да го осветлуваш светот. 

Во себе ја имаш целата љубов која ти е потребна.