Имаш идеја каде фали зеленило? - нова кампања на Град Скопје

Скопјани од денеска споделуваат идеи со градоначалникот Шилегов, на неговото прашање каде во градот недостига зеленило.

Според коментарите, се чини дека речиси во секое катче во Скопје би можела да се подобри состојбата, особено во оние делови каде се одвива масовна урбанизација, без предвидени зелени површини. 

„Започнува сезоната на садење и нашата желба и цел е да го направиме Скопје колку што е можно побогато со вегетација“, се вели во објавата на Шилегов.