Имам 52 години и среќна сум што стареам: Не морам повеќе да робувам на овие глупости

Пред 25 години листав неверојатни списанија, внимателно ги проучував страниците за мода и убавина, грижливо читав совети за тоа како да се задоволи саканата личност, итн. Денес, од навика ги гледам темите околу тоа како да не стареам, како да ги сокријам годините и други глупости. Она што сакам да им го кажам на оние кои сега имаат 25 – 30 години: Немој да губиш време!

Стареењето е супер!

Еве земете го мојот пример: Половина живот се борам против старееење. Стареењето победи. Зошто губев време? Зошто не признав пораз и едноставно не си живеев? Не знам.

Цел живот се преправаме дека сме подружељубиви, сексуално поослободени, помлади, помодерни... Потрошив многу пари обидувајќи се да го покријам секое седо влакно на глава. Пред една година ми здосади и тоа. Не можам повеќе да дремам по фризерски салони. Кога го направив тоа, тогаш се откажав и од диети. Имам 10 килограми повеќе, но никогаш не сум била посреќна. Првпат во мојот живот јадам што сакам и колку сакам.

Престанав да трошам пари на скапа шминка, затоа што и онака со години речиси и да не се шминкам. Имам 52 години, но се чувствувам како да имам 30. Не, не сум луда. Ги гледам јас и брчките и останатите работи, но ви кажувам како се чувствувам во душата. Многумина ми приоѓаат со коментари: „Зошто се предаде?“ или „Зошто не се бориш со стареењето?“ О, јас се борам. Се борам да бидам среќна онаква каква што сум, а не онаква каква што треба да бидам според туѓи стандарди.

Да, можeби сум престара за некои работи како овие:

Престара сум за да премолчувам навреди, злобни коментари, „добронамерни совети“. Повеќе ги нема оние изреки од типот: „Молчењето е злато!“

Престара сум за да се грижам како изгледам.

Престара сум за да имам „слабости“. Сега си дозволувам многу работи. Читам најклише љубовни романи затоа што тоа ме опушта. Додека читам понекогаш јадам цело чоколадо, па што ако!

Престара сум за да носам неудобни чевли. Сакам брзо да одам. Тоа ми е приоритет. Ја облекувам најудобната облека и баш ми е гајле.

Престара сум за да се извинувам за нередот. Некаде прочитав како една стара жена вели дека се’ почесто чита книги, а се’ помалку брише прашина. Паметна жена!

Престара сум за големи собири. Ако ми се зборува со некоја пријателка, ќе ѝ се јавам. Ако утре посакам да зборувам со друга пријателка, ќе ѝ се јавам и на неа. Нема лутиш!

Престара сум за да собирам работи. Едноставно: спомените ги чувам во главата, а не во работите.

Престара сум за оптимизам. Како што стареам, станувам пореална и тоа ми годи. Не се сите луѓе добри. Ако некој кажал нешто лошо, тоа го кажал затоа што го мислел, а не случајно. Нема да поминам ниту минута во правдање на луѓе кои не го заслужиле тоа.

И можам да кажам дека сум среќна што стареам. Тоа значи дека живеам. И знаете што: Среќна сум што сето ова го сфатив пред да умрам и пред да добијам надгробна плоча за која верувам дека еден ден на неа ќе пишува:

„Тука почива жена која својот живот го живееше онака како што сакаше!“