Имам 50 години и над 30 години алкохолен стаж

Иако алкохолот е една од најчестите и најлесно достапните форми на опијати и ретко кој од нас не го користи, може да биде и најсмртоносен, најштетен и најсуров од сите – товар кој се носи целиот живот.

Додека многумина се справуваат со тешката адикција од алкохол, други штотуку се навикнуваат уште од мали нозе пробувајќи го најдостапниот и најпотценетиот облик на опијат. А на оние кои гледаат од страна им останува само да пресудат дали алкохолизмот е болест на организмот, или пак човечкиот ум е она што решава кога да се престане.

Чичко Бранко од Скопје е лекуван алкохоличар. Вели дека се срами од себе, кога ќе се наврати назада многу години. Тој има околу 50 години, а вели дека има и над 30 години алкохолен стаж.

-Пријателите ме советуваа да не го правам тоа, дека е срам за мене и за моите деца. Сета онаа чиста, блескава младост што пријателите ја доживеале, мене ми беше одземена поради тоа што многу рано станав зависен од алкохолот, вели тој.

Првото пијанство се случило на десет години. Причина била желбата за прерано созревање. Се случило непромислено, поттикнато од детската љубопитност и можноста да биде во центарот на вниманието.

-Во ракијата не уживав, чувствував гадење, како да голтам горчлив сируп. Голтав со брзање за побрзо да заврши тоа мачење. Од неколку чашки се опив толку многу што заборавив се`. Другарчињата ме однеле дома. Ми беше многу мачно и тешко. Возрасните правеа шеги со мене имитирајќи го моето шантраво одење. Другарите добродушно ме удираа по грбот фалејќи го мојот подвиг. Имав впечаток дека сум направил нешто многу смело за што имам причина да се гордеам. Како никој да не го осудувше пијанството, како тоа да активно почнал да пие кога имал петнаесет години. Открив дека поднесувам алкохол, и тоа стана извор на гордост, иако сега го сметам за најголема несреќа.

На 20 години запознав прекрасно девојче, кое по една година стана моја сопруга. Единствено таа ме разбираш е и ми помагаше со својата смиреност за што искрено сум и` благодарен. Не бев подготвен да ги прифатам сите обврски на бракот. Бог ни подари и прекрасно синче, моите должности пораснаа, но и тогаш не се откажав од алкохолот. Моите најблиски добиваа удари и ги унесреќував сите околу мене. Парите ги трошев на задоволување на моите страсти. Не бев насилен, но мојот збор мораше да биде последен, а моите барања исполнети. Не смеев да газам на вредностите и убавините на моите најблиски. Моето погрешно однесување продолжи и понатаму и така со години".

Едно саботно утро кога се разбудив се чувствував како сениште опкружено со шишиња. Внимателно се загледав во огледалото. Тоа беше првпат вистински да се видам себеси. Согледав дека се наоѓам на погрешен пат кој ме водеше во смрт побрзо отколку што и` одговараше на мојата желба за живот. Сфатив дека животот е убав и дека треба да се живее. А имаше само еден пат за да се спасам - да престанам да пијам. Ѕверот и човекот се бореа во мене. Сфатив дека најголема лудост е да се жртвува здравјето, особено за задоволства кои носат само несреќа. Ова го заклучив врз основа на горчливите искуства од минатото".

Свесен дека не може сам да излезе од проблемите со алкохолот, се обратил кај лекар во нервното одделение.