Имајте верба во животот, сите нешта доаѓаат на свое

Бидете трпеливи со нештата во вашиот живот.

Имате задолженија, обврски и рокови, но верувајте во себе. Верувајте дека ќе ги завршите сите нешта. Верувајте во тоа што ви е доделено во животот, верувајте во својата патека.

Немојте да трчате низ животот.

Дадете си себеси време. Време да размислувате. Време да анализирате. Време да ги забележите малите нешта. Да ги забележите зраците на сонцето и во најстудената зима, да го почувствувате ветерот на вашата кожа, да погледнете околу себе во мразот и да верувате дека сите нешта во животот минуваат низ промена, како и природата низ годишните времиња.

Дадете си време. Затоа што додека сте зафатени трчајќи наоколу не забележувате и не чувствувате ништо. Забележете ја убавината на малите нешта. Боите кои посотјат околу вас.

Не сте создадени за да трчате низ животот со изморени бели дробови и изморени мускули. Вие сте создадени за нешто поголемо. За љубов, за смеа, за живот во кој имате трпение и благодарност за нештата кои се случуваат.

Дадете си себеси време. Време да седнете. Да ги затворите очите и вистински да видите. Видете ја убавината на дрвата, на гранките, на небото и облаците. Видете ја убавината на сонцето кое полека го топи мразот.

Не трчајте. Не го истоштувајте своето срце. Дадете си време да посакувате и да го добиете тоа што вистински го заслужувате. Успорете. Сите нешта ќе дојдат на свое, но тие не можат да бидат совршени постојано.

Имајте верба во животот. И секогаш верувајте во подобро утре.

 

cheap nike free run 5.0