Имајте убава и сјајна кожа во текот на целата зима

Состојбата на нашата кожа е многу важна за тоа како се чувствуваме и колку самодоверба имаме. Сепак, во текот на зимата мошне често нашата кожа станува чувствителна, сува, а сето тоа е поради затоплените простории и студените време. Доколку сакате сјајна и убава кожа, придржувајте се на следните совети.

Јадете овошје и зеленчук

Во текот на зимата почесто јадеме тешка и мрсна храна и понекогаш се случува да заборавиме на овошјето и зеленчук. Треба да знаеме дека тие се многу важни за природна убавина и хидратација на нашата кожа. Препорачуваме во текот на зимата да се конзумира зелен зеленчук, јаболки, круши, цитрусни плодови.

Минимизирајте го вашето време во топлата бања

Во текот на зимата не постои ништо подобро од долгиот топол туш. Но, за жал, топлата вода ја прави хаос на нашата кожа. Не го избегнувајте туширањето, туку само потрудете се водата да не биде премногу топла. Доколку не можете да го избегнете тоа, ви препорачуваме да користите природни креми или пак кокосово масло или какао путер кој ќе и го вратат сјајот на вашата кожа и ќе спречат претерано сушење.

Направете ексфолијација на кожата

Ова е една од навиките кои ретко се применуваат, но кои прават чуда за кожата особено во текот на зимскиот период. Користете готови производи за ексфолијација или пак направета домашна смеса која ќе ви помогне во чистење и ексфолијација на кожата, која се препорачува два пати неделно. Сепак, користете понежен производ за вашето лице отколку што би користеле за вашето тело, бидејќи кожата на лицето е сепак понежна.

Користете масло за навлажнување на кожата

За време на зимските месеци особено е важно користењето на помасни креми и производи кои го спречуваат сушењето на кожата, предизвикано од снегот и ветерот и генерално студеното време. Се препорачуваат кокосовото и маслото од јојоба кои предизвикуваат чуда на нашата кожа. Ставајте ги на вашата кожа по миењето, односно чистењето на лицето, или пред спиење.

Пијте многу вода

Едно од најважните нешта што треба да ги направите е хидратацијата одвнатре, односно пиењето доволни количини вода. Пијте вода во текот на целиот ден и немојте да мислите дека зимата е период кога треба да пиете помалку вода во споредба со летото. Особено пијте вода кога јадете солена храна или пак доколку вежбате напорно.