Имајте сила да живеете за вашите соништа, а не за ударите кои другите ви ги задаваат

Колку пати луѓето ви рекле дека не чините, дека тоа што го правите не е добро? И колку пати тоа направило да се посомневате во себе?

Без оглед на тоа дали ви го кажале тоа во лице или позади грб, секако дека оставило длабока рана. Колку пати се случило да направите грешка и да добиете критика за вашата личност, а не за вашата работа и таа критика да го скрши вашето срце? Секој критика која директно или индиректно стигнува до најдлабоките делови од нас создава одбранбен механизам со кој почнуваме да се браниме од се што луѓето зборуваат за нас и на крај и самите се заѕидуваме во тие ѕидови кои ги градиме.

Секој тежок збор кој ни бил упатен останал забележан во некој простор од нашите спомени и чувства и понекогаш и поради тоа сме се откажувале од некои соништа. Колку пати тоа биле само отровни јазици на љубоморни луѓе кои сакале да нѐ спречат да одиме напред. И наместо да бидеме поодлучни, ние сме го предале клучот на нашиот живот во нивни раце.

Затоа не дозволувајте луѓе кои не веруваат во себе да ја уништат вашата самодоверба. Не дозволувајте да ве свртат сами против себе, против вашите способности, копнежи и желби и да помислите дека светот е лошо место и дека е подобро да помогнете некаде далеку од сите и од сѐ. Не дозволувајте во вас да ја убиваат волјата за живот луѓе кои се огорчени и тажни.

Свртете се кон изворот на сила во себе и погледнете го тоа непроценливо богатство, а не оние критики кои ги кажале луѓе кои не прошле ни половина од вашиот пат. Имајте сила да живеете за вашите соништа, а не за ударите кои другите ви ги задаваат за да ве спуштат на свое ниво и да ве вовлечат во круг на негативност, завист и омраза. Сфатете дека самопочитувањето е подарок кој си го должите себеси, не само за да живеете квалитетно, туку и да за преживеете во овој свет во кој секој се обидува да наштети некому.