Имајте почит кон себеси: Не им се враќајте на оние кои веќе еднаш ве напуштиле

Ве молам имајте почит кон себеси. Не им се враќајте на оние кои побегнале од вашата љубов. Не им се враќајте на луѓето кои ви свртеле грб и ве оставиле сами и ранливи, додека вие сте ги молеле да останат. Не им се враќајте на луѓето кои никогаш не ги исполниле ветувањата кои ви ги дале. 

Вие сте заслужиле луѓе кои никогаш нема да помислат да ве напуштат. Вие сте заслужиле љубов која ќе ви даде сигурност и ќе ве заштити од страдање и болка. Вие сте заслужиле човек кој никогаш нема да сака да ве види како плачете. А сѐ тоа јас го разбирам. Лесно е да останете кога луѓето кои ги сакате ве замолуваат да останете. Лесно е да поверувате кога сакате да го чуете она што ви го кажува. А најчесто се случува кога ги сакаме оние кои не би требало да ги сакаме. 

Но, слушнете ме, кога ќе ве молат да им се вратите и кога ќе ви кажуваат дека сѐ ќе биде поинаку и ќе ви го кажуваат она што сакате да го чуете, не верувајте во тоа. Тие веќе ви покажале какви личности се со тоа што ве напуштиле и првиот пат. Веќе ви покажале што чувствуваат за вас кога така лесно ви завртеле грб. 

Сите сакаме да бидеме сакани. Сите сакаме да бидеме обожавани и безгрижни во љубовта. Но, луѓето кои еднаш ве напуштиле, ќе го направат тоа пак. Луѓето кои ве оставиле никогаш не се тие кои остануваат засекогаш. Затоа немојте да трчате веднаш штом ќе ве побараат. Не сте должни да ги пополнувате нивните празнини само затоа што знаат дека ги сакате. Тие знаат дека ќе им бидете на располагање кога нив им одговара. Не си го правете тоа на себеси. Немојте повторно да им ја подарувате вашата љубов на дланка, затоа што повторно ќе ви го скршат срцето. 

Прво засакајте се себеси. Побегнете во друга насока кога ќе се појават пред вас. Трчајте и не се вртете назад. Баш како што и тие направиле со вас. Вие сте заљубени и тоа е сосема природно. Но, зарем не сакате да почувствувате почит, љубов и обожавање? Во ваквите љубови кога вие сте тие кои сакате, никогаш нема да бидете мирни, секогаш ќе се прашувате и ќе се плашите дека ќе си заминат. Затоа што знаете дека тоа веќе еднаш го направиле. Не си го правете тоа. Заштитете го своето срце. Сетете се што ви направиле. Не заборавајте дека веќе еднаш ви го скршиле срцето. Не се враќајте на таа лажна надеж. Не им се враќајте на лагите и лажните ветувања и солзи. Не се враќајте во сомнежи и страв. Не им се враќајте повторно на игричките. 

Вие заслужувате многу повеќе од тоа. Знам дека не сакате да го чуете тоа, затоа што се наоѓате на раскрсница, знам дека се плашите дека ќе останете сами. Знам дека можеби ќе поверувате дека се промениле, дека сфатиле дека згрешиле, но соберете храброст и мислете на себеси и на своите чувства. 

После некое време, ќе видите дека сте го направиле најдобриот избор којшто сте можеле да го направите.