Композиторот, пијанист и продуцент со меѓународна кариера Дуке Бојаџиев вчера вечер во Метрополис арена во Скопје одржа концерт „Дуке и пријателите“ организиран од „Авалон продукција“.
На сцената пред публиката Дуке настапи заедно со гитаристот Влатко Стефановски, пејачките Каролина Гочева и Тања Царовска, актерот Никола Ристановски, кларинетистот Исмаил Лумановски и перкусионистите Матијас Кунзли од Њујорк и Костас Анастасијадис од Грција, придружувани од камерен оркестар под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар.