Скопје
7. May 2018 - 8:45

Скопски маратон 2018

Вчера во Скопје се одржа традиционалниот Wizz Air маратон на кој беа пријавени рекордни 10.000 учесници кои доаѓаат од 58 земји од светот. Во главниот град се возеше во изменет сообраќаен режим поради потребите на маратонот.

Победник на полумаратонската трка беше Дарио Ивановски, додека во трката на пет километри победи Богдан Цветковски. Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, го оцени настанот како многу успешен поради неговата масовност и организација.