Скопјани велат дека пролетта пристигнала во главниот град тогаш кога ќе расцвета најубавата улица во Скопје. Скопската улица Максим Горки и годинава во април е розова, а со тоа ги мами погледите и преставува место за уживање на оние кои сакаат да земат здив и да одморат од црно белото секојдневие на градот.