По трет пат, синоќа Твитер заедницата во Македонија го промовираше Твитер календарот за 2016 година. Средствата од продажбата на календарот ќе бидат искористени за хуманитарни цели.
Фотографиите за овогодинешниов календар ги направи фотографот Ѕвонко Плавевски, а пред неговиот апарат се разголија исклучиво македонски твитерџии.