Деветти пат во Скопје денеска се одржа маршот на „црвените чадори“ по повод Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работнички. „Слободниот избор е право, а не привилегија“ беше мотото на денешниот протест. Со пораката „Моја дунда, моја работа“ сексуалните работници уште еднаш повторија дека се под постојана закана од насилство и со ова сакаат да ја подигнат јавната свест за нивната работа и безбедност.
Повеќе информации за настанот прочитајте во фото-сторијата на Скопје Инфо.