Имаат ли навика скопјани да им даваат предност на пешаците - глоба од 200 евра за возачите кои не внимаваат на пешачки

Пешаците често знаат да бидат жртви на сообраќајни несреќи, особено во главниот град, во период кога е најголемиот метеж во сообраќајот.

За поголема безбедност на пешаците, како една од најранливите категории, постојат построги казни за возачите кои не внимаваат на пешачките премини.

 Возачот е должен да обрне внимание на пешаците кои се наоѓаат на коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот. Кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да управува со возилото и да вози со таква брзина што овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин.

На делот од патот по кој се движат деца или се поставени сообраќајни знаци за учество на деца во сообраќајот, возачот е должен да вози со особена претпазливост и со таква брзина што ќе овозможи да го запре возилото во случај на потреба. Предвидена е глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност.