Има моменти кога ти доаѓа преку глава и престануваш да им се докажуваш на луѓето

Има моменти кога ти доаѓа преку глава и престануваш да им се докажуваш на луѓето, со насмевка гледаш на светот околу себеси со сето негово лудило, не брзаш да ги направиш другите среќни, не брзаш да делиш совети, да осудуваш или да спасуваш некого, повеќе гледаш во небото отколку на тоа кој што прави и како живее, се обидуваш да се сетиш што тебе те инспирира, без оглед на околностите. 

Не се извинуваш, не објаснуваш, не се расправаш, а во себе пронаоѓаш неверојатна смиреност и многу работи кои можеби порано не си ги забележувал во својата потреба да се вклопиш во нечии идеи или да исполниш нечии очекувања. 

Мирот во тебе ти е подраг од сите искушенија на привременото задоволство. Многу е подраг од привремените луѓе и привремените работи.