Има моменти кога на човек му доаѓа преку глава од лажни луѓе и случувања и сака само мир

Има моменти кога на човек му доаѓа преку глава од лажни луѓе и случувања и сака само мир.

Се уморува од лажните луѓе, се празни од натрапниците во својот живот кои промарширале низ неговиот живот без никакви чувства и одземале сѐ што било убаво и вредно и само посакува за миг да се оттргне од сѐ и да ја врати својата стара моќ, да си го врати мирот кој го имал.

Човек се празни од разговорите кои биле само куп трачеви, кои се сѐ освен вистински разговори, разменувања на мислења и чувства и се прашува како може така обични зборови толку да го уморат и да го скршат.

Човек се празни од дволични луѓе, затоа што никогаш не успева да дознае кое од тие две лица е вистинското лице, се уморува затоа што секогаш мора да внимава што и кому зборува.

Човек се испразнува кога премногу се надева, кога премногу верува во луѓе кои не го заслужуваат тоа, кога премногу ги сака луѓето кои мислел дека ги познава, за на крај да сфати дека залудно ја потрошил својата енергија. Можел да ја даде на луѓе на кои им било потребно повеќе енергија, кои повеќе би ја ценеле таа енергија. Човек се празни од тоа што премногу и предолго живеел за некои други луѓе, а ги занемарувал своите чувства, што секогаш се прилагодувал на другите, а премалку барал понекогаш да биде и по негово.

И така, кога ќе остане сам, човек сфаќа дека можел и поинаку да го живее животот, дека можел повеќе да размислува за своите приоритети. Но, како и да е, никогаш не е доцна малку да се повлече и да се обиде одново да ги започне работите. Потребно е само поинаку да ги гледа деновите кои се пред него и ќе сфати дека животот му се променил и дека нешто научил и од своите грешки. Без оглед на тоа колку доцна го сфатил тоа, никогаш не е доцна за промени.