„Има места за сечиј џеб, редно е да не бидеме размазени мрзи“ - Јованоски во одбрана на Охрид

На Македонците, се чини, секаде им е поевтино од Охрид. Подготвени се да платат поскапо за секоја услуга и задоволство, но не во Охрид. Секоја летна сезона ист проблем - поплаки од посетителите за цените низ македонскиот туристички бисер Охрид.  

Но, Охрид како и секое туристичко место во екот на сезоната, е преполно со посетители, а несомнено некои нешта чинат, зависи од локацијата, квалитетот на услугата, тајмингот.

Во „одбрана“ на нашиот Охрид застана инфлуенсерот и млад писател Мартин Јованоски кој го сподлеи своето искуство со цените. 

- Две големи пици, хајнекен и тиквеш винце, пицерија во центар на Охрид, 20 метри од езеро во сред сезона - 1.170 денари! Значи, 1170 денари (на фискална, оданочени)! И годинава традиционално се фрла отров по Охрид, нормално, се изначитавме безброј лаги, врвот беше она со наплаќањето салфетки или полнење телефон (од рубриката није се десило нели)... Само поради фактот што веруваме во злобни, измислени приказни од длабоко фрустрирани особи, правиме непроценлива штета по сопствениот туризам и домашната економија. Омразата, особено изразена на социјалните мрежи е, во најмала рака језива, пишува тој во својата фејсбук објава. 

- Проблемот е во очекувањата. Не можеш да бараш на Илинден во Охрид, цените да се пониски од оние во Скопје. Едноставно не можеш. И...ако си со просечни примања, едноставно не можеш да влегуваш во првиот ресторан што ќе го видиш без да ги ѕирнеш менито и цените. Па погледнете ги странските туристи само, ваљда не се глупи кога застануваат и прашуваат по 3 пати, продолжува тој. 

Неговата поента е дека треба да се погледно „пошироко“. 

- Има места за сечиј џеб и затоа редно е да престанеме да се однесуваме како размазени мрзи, очајни да изгледаат богато.

Постои само добар и лош човек, истото важи и за скопјани, и за охриѓани.

Охрид е магичен!

Охрид е полн љубов!

И е наш, Македонски!

И мора да си го чуваме! 

Инаку, за Охрид годинава стигнаа низа пофалби. „Охрид е подобар од море“, вели познат хрватски блогер кој сподели видео од авантурите во Охрид.

Исто така, скапо е и во соседна Грција, каде лежалките во „Сахара Ресорт“ се 300 евра, но сепак „очите се силно вперени“ во Охрид.