Има ли новогодишна магија во Скопје?

Деновиве на скопскиот плоштад блесна новогодишната елка. Но, не со посебна и забавна органзација како претходните години. 

Улиците се симболично украсени. Оваа година нема да има Винтерленд ниту пак ќе се организира дочек на Новата година. 

Градот е украсен, но дали владее новогодишна атмосфера? 

Трговците уште одамна означија дека во тек се новогодишните попусти, но дали купувачите се расположени за шопинг, како претходните години?

Локалите низ градот делумно украсени, но без предновогодишни забави. 

Граѓаните изморени и исплашени од ситуацијата кај нас и во светот. Годинава да заврши побрзо и да се заборави. Наредната да биде убава и за оваа, надевајќи се дека ќе се стави крај со вирусот.