
Денеска по полноќ, во 00:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 17-годишник од Скопје.
При сообраќајна контрола на булевар „Александар Македонски“, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило, соопштија од МВР во дневниот билтен.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.