Им зголемиле минимална плата, им укинале храна и превоз

Текстилни работнички од две конфекции во Делчево се пожалиле до невладината Гласен Текстилец дека од 1 јануари нема да добиваат топол оброк и бесплатен превоз од домовите до конфекциите, дознава „Телма“.

Сопствениците ова им го соопштиле вчера. Инаку правото на топол оброк и на превоз е укинато од пред десет години и се влезени во бруто платата, но досега ги добивале со цел да ги привлечат и работат за нив, пишува „Телма“.