
54-годишник од кочанско доби кривична пријава поради закани по живот кон соседите.
Како што се наведува во полицискиот билтен, ОВР Кочани поднело кривична пријава против Д.Б.(54) од село Соколарци, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.
Имено, на 24.06.2026 пријавениот, по претходни нарушени меѓусоседски односи, упатил закани по животот на неговиот сосед и неговата сопруга.