Им се заканиле на него и на неговата девојка, па му го оштетиле возилото со тврди предмети

24-годишник од Скопје вчера пријавил во полиција дека истиот ден на подрачјето на Карпош, две лица им се заканиле на него и на неговата девојка, по што со тврди предмети му го оштетиле возилото.

„На 16.10.2025 во 18:45 часот во СВР Скопје, П.О.(24) од Скопје пријави дека околу 16:35 часот на подрачјето на Карпош, две лица упатувале закани кон него и неговата девојка, по што со тврди предмети му го оштетиле возилото, се наведува во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.