Им кажувате на децата кога излегуваат во сабота навечер дека после дружба, јадење и пиење треба да си го соберат ѓубрето?

Скопје редовно е „украсено“ со гнасни слики на расфрлано ѓубре. Иако секојдневно се зборува за овој проблем од различни аспекти, многу е важно да се промени погледот на перцепција на екологијата и грижата за сопствената средина, уште од најрана возраст кај децата, но уште повеќе и кај младите.  

Последен кој алармираше на овој проблем, а акцентот го стави на домашното воспитување, е новинарот Горан Михајловски кој сподели фотографии од локации во близина на скопската ЗОО и градскиот парк. 

-Им кажувате на децата кога излегуваат во сабота навечер дека после дружба, јадење и пиење треба да си го соберат ѓубрето? Или ги учите дека тука не ја бива, земјата е валкана, па да бегаат во странство. Таму вака нека фрлаат. Еве сѐ си има. Клупи, велосипедска патека, канти… само уште домашно воспитување фали, порача тој.