Илон Маск загуби 27 милијарди долари минатата недела

Бизнис магнатот Илон Маск минатата недела загуби богатство од 27 милијарди долари, објави Си Ен Ен.

Минатата недела акциите на Тесла се намалија за 11,5 отсто, а Маск има речиси 18 отсто од сите акции во најтехнолошки развиената компанија за автомобили во светот. Според индексот на милијардери на Блумберг, Маск минатата недела загубил 27 милијарди долари. Тоа е колку што изнесува богатството на Џејмс Дајсон, кој е 52. најбогат човек на планетата, според Блумберг.

Маск и основачот на Амазон, Џеф Безос, од јануари досега ги менуваа местата за најбогат човек на планетата. Но, Маск сега се наоѓа на второто место со 157 милијарди долари, во споредба со нето богатството на Безос од 177 милијарди долари. Маск има 21 милијарда долари повеќе од основачот на Мајкрософт Бил Гејтс, кој останува на третото место.

Акциите на Тесла се зголемија за 743 отсто во 2020 година.