
Загрижувачки е трендот на сѐ помалиот број на првачиња во македонските училишта.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска вчера го потврди овој поразителен факт посочувајќи дека во учебната 2026/2027 година се очекува да има најмалку 3.000 првачиња помалку во споредба со минатата година. И таа оцени дека трендот на намалување на бројот на ученици е загрижувачки.
Одделенскиот наставник Илчо Јовески кој долги години е во образовната сфера смета дека потребни се подобри услови за живот и поголема поддршка за младите семејства.
- Првачињата се нашата иднина! Фактот дека оваа година има 4.900 првачиња помалку е загрижувачки. Тоа не е само бројка, туку предупредување дека државата се соочува со иселување и намален наталитет. Децата се иднината на секоја земја. Затоа, потребни се подобри услови за живот и поголема поддршка за младите семејства. Само така училиштата повторно ќе бидат исполнети со детска смеа и надеж за подобра иднина, сподели тој алармирајќи дека треба сериозно да се сфати оваа проблематика.

Бурни реакции на на „X“:
4.900 првачиња помалку, ако се поделат на просечно по 30 деца во клас, тоа се 164 класа помалку.
164 класа, ако се земе во просек да се по 3 класа во едно училиште, тоа се 55 училишта што ќе останат празни, непотребни во државав pic.twitter.com/L3eJ6rGMUB— Лично Јас (@DekiMladenovski) August 6, 2026
Први во Европа според пад на запишани првачиња!
*Во 2020. година родени се 19.000 деца, а сега се запишуваат 13.000...
Дали 6.000 се иселиле за 6 години (заедно со родители тоа се 18.000 иселени граѓани)? pic.twitter.com/f6lQbaSJSL— Bastardo (@Ufrlen_Huligan) August 7, 2026
4.900 првачиња помалку годинава од лани.
ama ima 30 godini i zivee so roditelite fujj
Браќата од Бангладеш и Индија заедно со Албанците ќе го пополнат вакумот, додека ние бараме простор и слобода.— Macedonian General (@Avtonomen1913) August 6, 2026
Иначе во Аеродром 100 првачиња помалку од лани, а во Центар 50 помалку. Некој ако ги прати трендовите и претходни години слободно нека се надоврзе.
— DarkWood (@DarkOnchevski) September 5, 2023
Крушево со 6 првачиња во оваа учебна година ќе стане само музеј на отворено и туристичка дестинација.
Крушево абер пристигна... ќе нема некое значење за 20-30 години од. Сега, пошто аберот нема кој да го прими.— Кенгур (@kengurMKD) August 3, 2026