Илина го остави Џамбазов и замина во Америка да работи како професорка

Познатата алпинистка Илина Арсова од неодамна престојува во Тенеси, Америка, а сега ја објави и причината за тоа. 

Во видео на Инстаграм соопшти дека започнала да работи како професорка на Универзитетот Тенеси, од каде добила и стипендија за докторски студии.

-За сите пријатели и фанови праќам мал поздрав од Ноксвил, Тенеси. До сега не стигнав официјално да споделам дека добив престижна стипендија за докторски студии и инструкторска позиција на Универзитетот од Тенеси.
Оваа одлука не беше лесна во поглед на љубовта и фамилијата која ми недостига во секој миг, сепак овој мој нов Монт Еверест, долго беше на листата па еве му дојде редот. Искрено им благодарам на најблиските и мојот драг Игор Џамбазов за целата поддршка во овој момент, новите почетоците никогаш не се лесни. Знаењето е нашето најголемо богатство, па никогаш не престанувајте да учите, порача Илина.