Илина Арсова се прости од маестро Џамбазов: Ние вака ќе си се памтиме, насмеани и ведри!

Илина Арсова, партнерката на Игор Џамбазов, денеска преку објава на својот инстаграм профил се прости од таткото на Џамбазов, маестро Александар. 

Познатиот диригент и композитор Александар Џамбазов почина денескана 85-годишна возраст. 

-Ние вака ќе си се памтиме, насмеани и ведри, а Маестро секогаш спремен со неисцрпна колекција на анегдоти и вицови. Вечна ти слава, еден и единствен, порача уметницата и планинарка Илина Арсова, која инаку е во врска со Игор Џамбазов.