Илиевски вчера беше пронајден мртов во својот автомобил, а пред пет дена имал голем повод за славење

Најпознатиот рокер во Македонија Влатко Илиевски вчеравечер беше пронајден мртов во својот автомобил во Скопје.

Илиевски на македонската јавност и беше познат по многубројните хитови, а ќе биде запаметен и по претставувањето на Македонија на Евровизија во 2011 година со песната „Русинка“.

Пред само 5 дена, Влатко го прославил својот 33-ти роденден. Со фотографија на својот Фејсбук профил, пејачот го овековечил тој ден.