Или сакајте како што треба или бидете сами!

Ако не сакаш како што треба, само си го губиш времето.

Јас верувам во сакање со цело срце.

Верувам во бакнување и гушкање во јавност. Дури и ако тие околу вас ве гледаат чудно.

Верувам во меѓусебно флертување иако со години сте заедно.

Верувам во пронаоѓањето на бариерите кои водат до интимноста и вложување труд да се надминат.

Верувам во чудесната моќ на слушањето. И емпатијата.

Верувам во извинување кога сме направиле нешто лошо. И преземањето одговорност за нашиот дел од врската. И одговорноста за нас и нашето однесување во животот.

Верувам во привлечноста на грижата за себеси, затоа што кога се грижиме за себеси, можеме да се грижиме и за другите.

Верувам во едноставни состаноци, необични и игриви состаноци кои создаваат внатрешни шеги кои само двајцата можат да ги разберат.

Верувам во комплименти.

Верувам во инвестирање во „тоа е тоа“ тип на врски. И автентични односи. И во оние случајности кои доаѓаат од страствена хемија.

Верувам во тешки разговори. И во тоа емотивно да се разголуваме. И да им дадеме на луѓето до знаење дека ни е тешко.

Верувам во тоа да се прифатиме себеси онакви какви што сме и истовремено да посакуваме да се развиваме.

Верувам во гушкање и допирања со носињата и држење за раце.

Верувам дека луѓето кои треба да бидат заедно, секогаш ќе најдат начин како да бидат заедно.