Или прослави или на протест - угостителите излегуваат на улица

Или прослави или на протест. Угостителите идната недела повторно ќе побараат од Комисијата за заразни болести да им дозволи да организираат свадби  и други прослави во рестораните, во спротивно излегуваат на протести. Велат дека објектите подолго време не работат и доколку продолжи ваквата состојба дел од нив ќе бидат принудени да го затворат бизнисот.

„Ние не сакаме да го заобиколуваме системот, во оваа фаза се дозволуваат повеќе луѓе на концерти каде има помала контрола, но кога има големи прослави зошто ние да не може да организираме. Со оглед на тоа што веќе петти месец не работиме и следно би било комплетно затворање, по состанокот ќе излеземе на протест да се знае дека ние не можеме да функционираме и ако не ни дозволат дека мора да се направи некоја стратегија“, вели Мартин Ангеловски од Туристичко-угостителска комора.

Од ограничувањето на нивното функционирање, велат дека засеганти се и други дејности. Во меѓувреме додека тие не можат да работат граѓаните прават забави по дома.

„Ние веќе доставивме некои предлози освен овие до сега со намелен капацитет со растојание на маси и столици  сите сме свесни дека ќе мора да има рестртикции со дистанца. Ќе имаме детални листи за присутните со име/презиме како што треба , подиумот да биде ограничен за да може да се контролира“, вели Ангеловски.

Минатата недела  угостителите добија дозвола  да послужуваат гости и во внатрешните делови од објектот, но не и за да организираат прослави, а забранета е и жива музика. Се дозволи и организирање на концерти на отворено. Според протоколите капацитетот треба да биде  преполовен, картите треба да  се продаваат онлајн, а сите гости мора да носат заштитна маска.