Кисела Вода секој ден сѐ поубава, модерна и зелена! Изминатиов период работевме на обнова на старите, како и поставување на нови детски катчиња низ нашата општина, сподели преку социјалните мрежи градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Се работи за нови детски катчиња, нова урбана опрема, клупи, фонтани, нови подлоги на игралиштата со полипропиленски под кој официјално се користи за летните Олимписки игри.
„За најмладите наши жители, за нивната детска игра непречено да тече добиваат модерни и безбедни простори, а повозрасните генерации ќе можат да уживаат во зеленилото и урбаната опрема кои ги нудат овие места. Сето ова, хортикултурно уредено за да естетски изгледа уште поубаво“, истакна Ѓорѓиевски во својата објава.
Тој апелираше до родителите и дечињата да ги чуваат овие нови реквизити, а доколку забележат вандалско однесување веднаш да пријават до надлежните полициски служби.
„Нашата Кисела Вода се менува секој ден и тие промени се насекаде околу нас, напиша Ѓорѓиевски.