Игор, синот на Горан Стефановски: Секој знае до каде му е дадено да стаса!

Игор, син на драматургот Горан Стефановски, се огласи на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, по смртта на неговиот татко.

,,Сите се правиме маратонци, а секој во стомакот знае точно колку може да истрча, до каде му е дадено да стаса.” – Конзервирани импресии – напиша Стефановски.

Веста за смртта на драмскиот писател ја потресе земјава. Со негови цитати, зборови за утеха и пораки со сочувство, Македонија се простува со еден од своите најпознати драмски автори. Горан Стефановски почина на 66 годишна возраст во близина на Лондон.

Зад себе ја остави сопругата Патриша, со која се родители на синот Игор и ќерката Јана. Семејството се уште нема излезено во јавност со детали околу тоа кога и каде ќе биде погребан великанот на пишаниот збор.