На денешен ден пред три години почина легендарниот диригент и композитор маестро Александар Џамбазов, татко на Игор Џамбазов.
Почина на 85-годишна возраст.
Денеска, неговиот син Игор, преку емотивна објава се потсети на својот татко.
Три години без тебе, маестро мој.
Ти направија преубав мурал во Дебар маало, именуваа улица по тебе, има предлог една позната концертна сала да го носи твоето име.
Не те заборавија луѓето, да знаеш.
На истиов овој ден е роден нашиот ангел Тоше.
Каква симболика!!!
Се родил најубавиот глас, а си заминал еден голем маестро. Животиште.
И токму денес, шест планети од сончевиот систем се израмнуваат на небото.
Редок момент за ретки луѓе.
Лесно ви небо и на двајцата!
Погледнете и како како изгледаа на својата венчавка Анче и Маестро Александар Џамбазови.