Игор Џамбазов и Гуру Харе вечерва ќе ги забавуваат карпошани

Плоштадот „Млечен“ во Карпош вчеравечер повторно беше место за дружење, музика и добра атмосфера во рамки на „Карпошово културно лето 2026“.

Посетителите уживаа во настапот на Balkan Jam Band, со познати македонски евергрини и балкански поп-рок хитови.

Денеска (среда) во рамки на „Карпошово културно лето 2026“ се предвидени повеќе културни и забавни содржини на различни локации во општината.

Програмата започнува во 14:00 часот на платото пред Општинската зграда со настап на „Трио Топчиики“ и квартетот „Сокол“, по што во 19:00 часот на платото „Млечен“ ќе настапи КЈД Мирче Ацев.

Во 20:00 часот следува „Кино на отворено“ – „Ислушител“ во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, а подоцна, во 21 часот е најавен настап на Игор Џамбазов и Гуру Харе.

Посетителите ги очекува уште една вечер исполнета со музика, филм и културни содржини.