Игор Дурловски - нов директор на МОБ

Министерството за култура на Република Македонија за нов директор на Македонската опера и балет, го назначи м-р Игор Дурловски.

Тој е наш познат оперски солист-бас и контра тенор- кој својата уметничка кариера ја започна на сцената на Македонската опера и балет, а ја продолжи со успех на меѓународните сцени.

Досегашниот директор на МОБ, Дејан Прошев, ја извршуваше функцијата во периодот од 24.12.2010 до 24.12.2014  и функцијата в.д. директор, до 09.11.2015 година