Игор Дурловски го најави настапот на Ана во Штутгарт: „Последниве седум години сме целосно избришани од македонски настапи, затоа ќе газиме надвор“

 

Првенката на македонската опера и балет, харизматичниот сопран Ана Дурловски ќе настапи на новогодишниот концерт што ќе се одржи во Штутгартска филхармонија.

Веста на својот фејсбук профил ја објави Игор Дурловски кој сподели детали дека во изминатите седум години,тие целосно се избришани од репертоарот на Македонската филхармонија и фестивалите низ цела држава.

„Последниве 7 години сме комплетно избришани од репертоарот на Македонската филхармонија и фестивалите низ цела држава но затоа ќе си газиме надворНовогодишен концерт на Ана Дурловски со Штутгартска филхармонија. Да живее уметноста!“

Инаку, Игор Дурловски македонски оперски пејач и поранешен пратеник Тој беше обвинет за предметот „27-ми април“, но судот донесе одлука за негово целосно ослободување.