Иџет Мемети кој се сомничи за поткуп признал вина и се спогодил со обвинителството

Членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети признал вина и се спогодил со обвинителството за условна осуда, дознава Телма. Тој беше осомничен за примање награда за против законито влијание, за што Кривчниот законик предвидува од 1 до 5 години затвор.

Заедно со другиот обвинет, врховниот судија Наке Георгиев, Меџити беше осомничен за лажно ветување дека ќе влијае и ќе овозможи олеснување за поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, во случајот со шверцот на марихуана. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал за Телма кратко изјавиле дека подетални информации ќе бидат објавени во текот на денот.

Наке Георгиев беше приведен со 10 илјади евра на паркинг во Скопје кои му ги предал синот на Стојчев. Тврдеше дека Стојчев помладиот го наместил затоа што одбил да издејствува поблага казна во спогодба со обвинителството, за неговиот татко.

Дека не сторил ништо незаконско пред медимите тврдеше и и поранешниот народен правобранител Иџет Мемети. На крајот на истрагата одлучил да признае вина и да се спогодат. Мемети се брани од слобода додека Георгиев е во Шутка речиси три месеци а деновиве скопска Апелација ја одбила неговата жалба за притворот.