Иџе со македонски тим и нов автомобил ќе го напаѓа врвот во ЕТЦЦ

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе, го промовираше тимот со кој, во својата втора сезона, ќе атакува на врвот во Европскиот шампионат на кружни патеки (ЕТЦЦ).

Иџе, двократен европски шампион на ридски патеки, минатата година дебитираше во ЕТЦЦ шампионатот, а најголемиот успех го постигна со победата на легендарната патека во Имола.

Во новата сезона тој ќе се натпреварува со својот тим АКК „Стефановски“ и со нов автомобил.

„Благодарност до сите кои ми овозможија да возам за македонски тим и верувам дека ќе атакувам на висок пласман. Сезоната ќе биде тешка, но од друга страна мене ќе ми биде полесно, бидејќи сега зад мене ќе стои целосно мој тим. Имам и нов автомобил, поинаков од минатогодишните, автомобил каков што им доликува на шампионите. Се надевам дека нема да ги разочарам фановите и дека ќе бележиме одлични резултати“, реч Иџе.

Сезоната во ЕТЦЦ ќе се возат шест трки, првата е на 28.април во Имола, а потоа следуваат трките во Унгарија (Хунгароринг, 12-14.мај), Германија (Нинбургринг (25-27.мај), Португалија (Вила Реал, 23-25.јуни), Белгија (Золдер, 15-17.септември) и Чешка (Мост, 6-8.октомври).